Подводниот музеј во Канкун е серија од скулптури поставени во плитките води близу брегот на Мексико. Поставени се околу 400 скулптури направени од бетон, базирани на членовите на локалните заедници.
Целта била да се заштити природниот гребен, со тоа што поставените скулптури имаат улога на основа врз која се засадени корали. Природниот гребен го посетуваат околу милион туристи годишно, со што тој претрпува сериозни штети, а со овој проект е добиена нова туристичка атракција и воедно заштита на природните раритети кои го населуваат овој предел.
Идејата била на еден британски уметник, кој ги изработил скулптурите, а се наоѓаат на само 10 метри длабочина, со што се идеална локација за нуркање со маски.





















