Жолтата и црната боја се оние кои ја прават една од најефективните комбинации на планетата Земја. Оваа комбинација го привлекува вниманието повеќе од која било друга комбинација во спектарот на бои. Во природата животните и растенијата кои ја имаат оваа комбинација не предупредуваат за опасноста која ја носат со себе а во исто време и збунуваат со својата убавина.

Како жолтата и црната се вклопуваат во ентериерот?

Жолтата боја е бојата на сонцето. Таа воздигнува, ја поттикнува будноста и концентрацијата, ја симболизира мудрост. Користењето на оваа радосна боја во комбинација со елеганцијата на црната боја, дава нов софистициран ефект, а вие добивате дом кој плени со својата смиреност и елеганција.

Оваа комбинација е пријатна за окото и се препорачува за секоја просторија во вашиот дом.

Мал совет како да ја користите оваа комбинација.

Пред се треба да внимавате на уделот на боите одделно. Двете бои по својата природа се доминантни, кога е во прашање ентериерот со ваков колоритет, пожелно е едната од нив да биде примарна а другата да ја искористите за детали. Во комбинација со овие две бои користете ја белата, сивата и пастелните тонови, кои на целокупниот простор ќе му дадат баланс и рамнотежа.




