Во зимските, ладни денови на косата и е потребна поголема нега. Таа поспоро расте и лесно се крши. Заради влијанието на многу фактори како што се дожд, ветер, снег, косата го губи сјајот.
Наједноставен начин да ја сочувате косата е да направите хранлива маска од банана. Оваа маска се препорачува на секој тип на коса, а особено на фарбаната и третирана коса.
Испасирајте една банана и додадете едно изматено јајце, две лажици кисело млеко и една лажица мед. Убаво измешајте ја смесата и ставете ја на коса да делува 40 минути. Измијте ја косата со шампон и кисела вода. Косата ќе изгледа неверојатно сјајно и меко.
