Популарната пејачка Кели Роланд открила за американските медиуми дека повеќето свои врски ги упропастила бидејќи секогаш сакала таа да ги има сите конци в раце и да наредува.
– Морам еднаш да се научам да им дозволам на мажите да се грижат за мене. Желбата сè да биде под контрола и јас да одлучувам за сè влијаеше многу на мене, а и на моите врски, – изјавила Кели.
Таа додава и дека во сите врски што ги имала морало таа да биде главна.
– Јас ги бирам рестораните, сама си ја отворам вратат, а понекогаш ја плаќам и сметката. Најверојатно тоа е причината зошто сум сеуште сама.
Сепак, времињата се сменети и таа не смета дека тоа што има 30 години по автоматизам значи дека треба да се омажи.
– Не сме веќе во 50-тите. Имам 30 години и сеуште сум млада, имам доста време за да се омажам. Сакам да излегувам и да се журкам. Живеам со полна пареа и сакам засекогаш да останам млада, – заклучила пејачката.
