Додека пругастите парчиња облека се доминантни во ладните денови, карираното може да го сретнете и во лето и во зима. Така оваа зима ќе помине во знакот на карирано. Доминанта е сивата боја, која може да ја сретнете во комбинација со црната, сината, кафеавата, лилаковата…

Затоа одберете барем едно парче кое ќе биде карирано. Тоа може да биде капут, панталони, кошула, палто… или пак одберете некој аксесоар како на пример капа.

