Керозин

Третата Генерација на Chevrolet Corvette “Stingray”

Chevrolet Corvette (C3) е спортски автомобил произведен од Шевролет, а дивизајниран од страна на General Motors во 1968 година чија моделна верзија варира се до 1982 година. Шефот на Corvette , Зора Аркус-Дунтов сакал нов повпечатлив Corvette, кој ќе го добие преку нов облик на телото и нов ентериер на автомобилот, додека стариот механизам и останатите клучни компоненти на моторот, во најголемиот дел се задржани.

Моделот е произведен по најтешките периоди во Америка: цивилните немири, поголем број на федерални поделби, нафтеното ембарго, зголемување на цената на горивото и трошоците за осигурување, постоечката инфлација и бавната рецесија.

Но и покрај се, третата генерација на Corvette продолжува да постигнува нови продажни рекорди.

Write A Comment