Убавина

Пенелопе има прекрасна коса, знаете ли зошто?

Пенелопе Круз е една од жените кои умеат добро да се грижат за својата убавина. Погледнете ја нејзината омилена домашна рецепта за грижа за долгата и темна коса:

За приготвувањето на оваа маска потребно ви е едно манго, една лажица кафе, една чаена лажичка канела, три јајца и една лажица мед. Мангото заедно со останатите компоненти се обработува во блендер, се додека не се добие кашеста смеса. Еден дел од маската најпрво нанесете го на скалпот, а останатиот дел равномерно распоредете го по целата должина на косата. Покријте ја главата со капа за капење и топла крпа. Оставете ја маската да делува еден час, а потоа измијте ја косата со шампон, како и обично.

Write A Comment