На светот веќе не му е потребно сивило, а сините нијанси го „отслужија своето“. Потребно ни е нешто што ќе не размрда, малку додатна енергија и предизвик, а бојата на мандарина ќе донесе и те како свежина во пролетните колекции.
“Panton” институт кој ги креира стандардите кога станува збор за боите во модната индустрија и индустријата за декоративна козметика, бојата на мандарин ја прогласи за „топ нијанса“ за 2012, пренесува AP.

„Портокаловата боја ни носи елемент на смелост, потребни ни се идеи, храброст и спремност за акција и би била вистинска штета следната сезона да оди со некои смирувачки бои“, вели Leatris Ajzeman, извршен директор на“Panton” институт за боја.

Годишната прогноза за доминантните бои се темели на процените на институтот“Panton” за потребите на пазарот и желбите на потрошувачите. На таа прогноза, секако, влијаат и дизајнерските колекции, материјалите понудени за претстојната сезона, и секако модните случувања во поп културата.

„ Битен дел од она што ние го работиме е увидот во духот на времето. Мораме да го земеме во обѕир светот во кој живееме, така да бојата никогаш не е произволен избор“, вели Ajzeman.

Стручњаците од “Panton” институтот го кажаа своето, портокаловата боја е убава но може да биде тешка за комбинирање и носење. Портокаловите нијанси можат да го освежат вашиот изглед, но ако изберете нијанса која не е во склад со вашиот тен, можете га го постигнете „спротивниот ефект“.

Ако сте со блед тен, не носете блузи, накит и шноли од ова боја, ќе изгледате уште побледо. Вистински избор за вас се крем нијансите портокалова, а ако пак не можете да и одолеете на „мандарин“ нијансата, тогаш вашиот избор нека бидат здолништа, ремени, чевли или чанти во таа боја. Дамите со нешто потемен тен можат да ја изберат секоја нијанса на портокаловата бидејќи сите добро ќе им стојат.

Ако не сте навикнати да носете светли бои, обидете се со детали. Може и вас ќе ве понесе „портокаловиот талас“ на доброто расположение.

