Вратоврската е моќен детал кој може значително да го подобри целокупниот изглед. Одлично може да го дополни стајлингот и да ја разбие монотонијата на бои.
Оваа сезона вратоврските се еден од главните модни детали. Модните дизајнери ги комбинираат во секоја варијанта.

По она што го видовме на модните писти може да заклучиме дека вратоврските треба да се складни со тоновите кои ги имате на останатата облека, но сепак малку поразлични за да дојдат до израз.

Може да ги носите под сакото, но дизајнерите препорачуваат да ги имате на себе и под класичните зимски џемпери.

