Полека започнуваат припремите за тоа како ќе изгледаме за новогодишната ноќ. Комбинации за гардероба, шминка, фризура…
Доколку не сте едни од оние кои слепо го пратат трендот сигурно ќе одберете комбинација во која се чувствувате најудобно.
Ние ќе ви дадеме неколку совети за тоа како да ја поминете целата ноќ без спиење, и при тоа да изгледате свежо. Вашата шминка да остане иста, не размачкана.
Во првичните подготовки додека се туширате и ја миете косата, не заборавајте на благ пилинг на лицето. Отстранете ги сите нечистотии од кожата. Така пудрата и руменилото ќе се задржат полесно, а и нема да се јават шаренила по неколку часа.
Подлогата е многу важна. Убаво нанесете ја пудрата и сенката за очи во неутрална боја. Доколку не ставите сенка за очи која е нешто слична на пудрата во прав, голема е веројатноста сенката за очи да се собере во една линија по неколку часа. Избегнувајте ги кремастите сенки кои многу лесно се размачкуваат.
Не заборавајте откако ќе се нашминкате целосно, да ја фиксирате шминката со пудра во прав.
И најмоќното оружје за вечерта е насмевката. Вооружете се со позитивна енергија и забавувајте се!
