Убавина

Make up трикови кои не сте ги знаеле

Некои мали трикови во шминкањето може значително да ви помогнат и да ја променат секојдневната рутина. Професионалните визажисти обично овие тајни ги чуваат себично само за себе. Но овој пат тие решија да споделат нешто со нас. Ова се неколку трикови кажани од најдобрите визажисти.

За подобра подлога. Пред да ја нанесете пудрата на лицето, помешајте ја со гел од алое вера. Тоа ќе ја подобри текстурата на течната пудра. Така полесно ќе ја нанесете, а и ќе биде подолготрајна.

За поголем волумен на трепките. Некои визажисти за да го зголемат волуменот на трепките го користат обичниот црн туш. Не го нанесувајте на врвовите на трепките, туку внимателно на коренот помеѓу трепките.

За карминот да ви биде потраен откако ќе го нанесете на усната, на надворешните агли од устата ставете малку од гелот за фиксирање на веѓите. Благо размачкајте го и карминот ќе биде долготраен.

 

Write A Comment