ШоуБиз

Линдзи Лохан ограбена!

Минатиот викенд, Линдзи Лохан била на Хаваите и таму останала без чантата во која имала многу пари во кеш и пасош. Шанел чантата вредна 5.000 долари била украдена од автомобилот на Лохан, а во неа бил и авионскиот билет и сите нејзини документи. Лохан се уплашила дека ќе заглави на островот и ќе го пропушти судското сослушување поврзано со нејзината условна казна.

–   Чантата беше во голем бел џип, кој беше заклучен. Некој најверојатно провалил, а алармот не се вклучил. Сè ми беше оставено в кола и морам некако да си ги вратам документите и парите. Некој сериозно ќе настрада бидејќи ми ја зафркна работата со сослушувањето, – во нервоза и паника изјавила Линдзи.

Сите присутни на забавата ѝ помагале да си ја најде чантата, а дошла и полиција. Сепак, чантата е пронајдена дури наредното утро. Во неа биле сите документи, но парите ги немало. Па, нормално!:)

Write A Comment