Убавина

Мирисајте како божица

Во античкото време се верувало дека со употребата на парфемите се стигнувало до бога. Интересен е и податокот дека античките народи не се бањале многу често, но често користеле парфеми и козметика.

Во средниот век црквата ги осудувала за ереси сите оние кои се занимавале со алхемичарство, односно оние кои произведувале парфеми. Се смета дека 18 век е периодот кога се и почетоците на модата на парфемите. Имено дворот на кралот Луј 15 го добил името „дворец на парфемите“ а сите оние кои живееле или имале каков било контакт со дворецот биле обврзани да употребуваат парфеми. Царицата Жозефина трошела богатство на егзотични мириси.

Модерните парфимерии се појавуваат во периодот од 1860 до 1900 година. Меѓутоа во прво време парфемите биле произведувани само за повисоката класа на жени. Тоа е така се до 1950 година кога парфимериите своето производство го насочуваат кон жените од средната и ниската класа.

Ова беше накратко историјата на парфемите.

Ние не би биле ние доколку не ви откриеме неколку трикови како да мирисате неодоливо.

Нанесете го парфемот на телото не на облеката. Имено сите парфеми според хемиските состојки се произведуваат да се користат на кожа, а не на облека.

Ставајте го парфемот на таканаречените пулсни места. Нанесувајте парфем на две клучни места вратот и зглобовите на рацете, но не заборавајте дека можете и на делот кај колената и позади ушите. Со фактот дека нанесувате мирис на многу различни места, пазете да не претерате со количината.

Доколку сакате благ мирис односно оној вистинскиот мирис на парфемот, тогаш во воздух прснете неколкупати ( 2 пати ) и потоа поминете низ мирисниот облак од парфем.

Гредете го мирисот слој по слој. Нанесете на вашето тело мирисно масло или крема, потоа нанесете го парфемот.

За специјални вечерни прилики користете светличав и мирисен гел или масло за тело, со што на кожата би и дале и мирис и сјај.

Доколку користете гел, пена или масло за коса, во истите додадете малку од вашиот омилен парфем при нанесувањето. Секогаш кога ќе мрднете со главата мирисот сите до вас ќе го осетат благиот мирис на парфем а вие ќе бидете во центарот на вниманието.

Проверете како мирисате. Ако имате впечаток дека сте ставиле премногу парфем со помош на влажно марамче тргнете го од местата каде што сте го нанеле. Секогаш имајте на ум дека вашиот мирис треба да биде суптилен и дискретен, а не нападен и екстремно забележлив за околината.

Write A Comment