Motherhood

Малите генијалци

Постојат животни лекции кои родителите би можеле комотно да ги научат од своите малечки. Се што треба е да го гледаат внимателно своето малечко и да го следат неговото однесување. Еве ги лекциите кои може да ви помогнат.

Бидете искрени

Децата се брутално искрени, бидејќи немаат скриени намери. Возрасните се најчесто искрени кога тоа претставува „добар чекор“ за некоја нивна намера. Кога родителите би можеле да го следат примерот на своите деца многу почесто од обично, би имало многу помалку недоразбирања.

Малечките знаат најдобро

Иако по правило родителите мислат дека знаат што е најдоброто и дека децата се тие кои треба да слушаат, постојат ситуации кога токму дечињата се најдобрите учители. Затоа повремено не би требало да ни претставува проблем да ги послушаме најмладите и да научиме лекција-две од нив.

Поставувајте прашања

Детската љубопитност е фасцинантна бидејќи нив не им е срам да си побараат објаснување кога нешто не разбираат. Ако вам ви се случи да не знаете нешто, а се плашите да прашате, помислете на своето детенце и – прозборете 🙂

Покажете возбудување

Научете се да го поделите своето возбудување со пријателите и колегите. Нив ќе им биде поубаво и ќе бидат среќни поради вашата среќа. Затоа, заборавете на срамежливата насмевка, и наредниот пат кога ќе посакате да скокнете од среќа – направете го тоа.

Живејте за моментот

Кога ќе се дружите со своите деца, тогаш играјте си со нив. Немојте паралелно да правите „мултитаскинг“, како на пример, да се закачите на интернет и повремено да глумите заинтересираност за играта на вашето детенце.

Мирно его

Децата, за разлика од возрасните, знаат да слушаат совети и, по правило, да ги прифатат. Се учат и се трудат да не ги повторат истите грешки, бидејќи не се суетни, туку едноставно се обидуваат да научат нешто ново. Воопшто нема да ви штети ако го усвоите и ова како дел од вашиот карактер.

Write A Comment