ШоуБиз

За малку ќе останела без фустан на црвениот тепих:)

Сите кои чекорат по црвениот тепих се трудат токму на него да изгледаат најпривлечно и најзабележително, па го даваат најдоброто од себе да остават впечаток. Сепак, овој пат, кинеската актерка Сан Фејфели и не била толку среќна – за малку ќе останела без елегантниот фустан кој го носела на себе…

Самошто завршила со позирање пред фотографите за време на доделувањето на „Esquire“ наградите, Сан се упатила да влезе во салата каде се одржувала церемонијата. Ја застанала една водителка со цел да ѝ земе кратка изјава. По љубезниот разговор, Сан продолжила кон салата, но нешто ја спречило. Водителката го стапнала нејзиниот долг фустан, кој тој паднал надоле, па се видел градникот на актерката, кој за среќа го носела.

Фотографите се надевале на добар плен, но градникот им ги изјаловил плановите. Сепак, и ова е срам за актерката, а за време на целиот настан ова било најозборувано и најатрактивно случување.

Write A Comment