Бритни Спирс врти нов лист во животот и кариерата.
По долгогодишна пауза Бритни заврте нов лист во својот живот. По успешно завршената турнеја, пејачката со својот дечко Џејсон Тревик и со двата синови се преселила во луксузна вила во Калифорнија, каде месечната кирија изнесува 25 илјади долари.
Новиот дом се простира на 10 илјади квадратни метри, има десет соби и тринаесет купатила. Во склоп на вилата има и голем базен со отворена кујна која е идеална за забави. Вилата потсетува на раскошна резиденција со просторен двор и голф терени, а и има и теретана и домашно кино.
Пејачката не ги жали парите кога станува збор за почнување нов живот. Вели дека би била среќна ако нејзините синови тргнат по нејзините стапки:
– Не сакам да се плашат од музика, публика или можен неуспех. Никој од напред не може да знае што го чека во музичката индустрија.












