Motherhood

Мамо… ми се јаде…

Кога станува збор за хранењето на вашите деца, се чини дека има безброј правила на кои треба да се придржувате. На децата им требаат хранливи материи за да бидат силни и здрави, но исто така, треба да ги ограничите слатките и големината на оброците, за вашето дете да не добие прекумерна тежина и други здравствени проблеми.

Од пријателски кловн до разнобојни пакувања за носење дома, брзата храна многу ги привлекува децата. Дали е чудно што, скоро една третина од сите aмерикански деца се со прекумерна тежина, а 15% се навистина дебели?

Сѐ поголем број здравствени поборници, нутриционисти и паметни родители, се борат за да презентираат здрава исхрана на начин што ќе биде привлечен и забавен за децата.

Ен Дисело, нутриционист, ги нуди следниве совети за да се воведе здравата храна како: зеленчук, непреработено овошје и цели зрна, на забавен начин, што децата ќе го сакаат:

1. „Започнете со здравите навики во високиот стол“

Бебињата кои започнале со јадење на здрава храна, пораснале во возрасни со добра диететска основа. Многу педијатри препорачуваат родителите да прават сопствена бебешка храна, отколку децата да се хранат со готови храни кои често се полни со вода, скроб, шеќер или месни додатоци.Домашно подготвената храна може да обезбеди повеќе хранливи материи и во исто време, ќе ве чини помалку.

Подготвувањето на бебешка храна е лесно. Едноставно, ставете да се готват на пареа или малку обарете здрави состојки по ваш избор, од моркови и грав до благ компир, јаболка и круши, и измешајте. За оптимални здравствени придобивки измешајте ги обарените продукти со малку вода, во моќен блендер како Vitamix® Супер 5000. Машината го меле овошјето и зеленчукот до клеточното ниво, па така хранливите материи се ослободени. Користејќи го целиот зеленчук или овошје, ви дозволува да ги задржете најголемиот број, ако не и сите, оригинални хранливи материи и растителни влакна од храната.

2. Претворете ги децата во „оператори за свежи пијалаци.“

Нема сомнение дека свежите пијалаци се значаен дел од факторот – забава. За жал, свежите пијалаци купени од слаткарница или пакуваните од продавница, често содржат дополнителен шеќер и конзерванси. Многу често, тие се прават со преработени овошни сирупи на кои им недостасува најголемиот дел од хранливите материи и растителните влакна.

Правењето свежи пијалаци дома, е одличен начин да ја направите исхраната привлечна за децата. Со употреба на свежо овошје и здрави состојки, имате целосна контрола врз хранливата содржина. Поголемите деца можат да стапат во акција со помагање во подготвувањето на состојките и со правење на нови комбинации.

Според Џоди Берг: „Свежите пијалаци се одличен начин да ги натерате децата да јадат и овошје и зеленчук”. „Започнете со здрава основа од свежо овошје, и дури и најборбеното дете против зеленчукот, нема да може да ја вкуси тиквата или морковот кои сте ги додале во напитокот.”

3. Без чувство на вина направете „инстант” сладолед во кој ќе уживаат децата, тинејџерите и возрасните.

Навистина, ретко постои дете кое не сака сладолед. Сепак, родителите се згрозени од високото количество на масти и шеќер кои се наоѓаат во многу брендови на сладолед. Со употребата на Vitamix® машината, лесно може да се подготват здрави замрзнати наслади за помалку од минута. Моќниот мотор и прецизните сечила ги претвораат здравите состојки, како смрзнатото овошје или обезмастеното млеко во сладолед со прекрасен вкус.

Супите и лебот, исто така, се одличен начин за да се вметне зеленчукот во исхраната на децата. Изматете вкусна пилешка супа со испасиран зеленчук. Наместо да купувате „збогатен” бел леб, направете домашен, со брашно од цело зрно и во основниот рецепт за леб додадете: брусница, зелени тиквички, тиква и моркови.

Write A Comment