Мојата кујна

Пудинг од кафе

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

200 грама Шлаг

75 грама Шеќер

30 грама Маргарин

50 грама Кафе

50 грама Брашно

2   Јајца

100 грама чоколадо

ПОДГОТОВКА:

Во сад се мати омекнатиот маргарин и брашното, се додава топлото кафе и се меша на тивок оган до степен на вриење. Се трга од оган, се додаваат една по една двете жолчки и шеќерот. На крајот се додава цврст снег од двете белки.

Масата се излива во тркалеста модла, подмачкана со путер и посипана со брашно. Модлата се става во тенџере во кое има вода и се вари кремот на пареа околу 15 минути. Се трга од оган, се лади и потоа се остава во фрижидер добро да се олади, најмалку 2 часа.

Декорирајте со стопено чоколадо, почекајте да се олади и сервирајте

Уживајте во вкусот!!!

 

Write A Comment