И со најгламурозниот make up Џеј Ло изгледа природно. Таа многу вешто ги истакнува убавите црти на лицето, и тоа токму со шминката.
Еве како може да ја ископирате:
Нанесете ја на лицето вообичаената подлога. Имајте на ум дека за природен изглед треба да ја откриете вистинската нијанса која најмногу одговара на вашиот тен. Употребете и неколку капки светол бронзер, нежни праска нијанси кои ќе ги нанесете на образите, брадата, носот и на работ на косата на врвот на челото.
Ставете мала количина на златен сјај за усни под веѓите. Тоа ќе допринесе очите да добијат посебен сјај.
Џенифер никаде и никогаш не оди без вештачки трепки. Експериментирајте со ставање на трепките, на различни места, во различна количина и густина на трепките. Така ќе откриете која позиција на трепките најдобро ви прилега.
Ако ги сместите на средината на линијата на трепките тоа ќе ги отвори визуелно очите.
На трепките ставете брознер во прав, наместо маскара. Тоа ќе го “омекне” вештачкиот изглед.
Освен основната пудра, користете и една нијанса потемна со која ќе ги “сенчате” линиите на лицето кои треба да ги истакнете.
