Во овие студени зимски денови кожата е сува и дехидрирана. И покрај кремата за лице која ја ставате вашата кожа сепак останува сува?
За да ја збогатите кремата која ја користите вообичаено потребно е да додадете неколку природни состојки. Изрендајте половина краставица. Убаво исцедете го сокот. Во него додадете неколку капки бадемово масло. Овој сок ставете го во во кремата која ја користите. Пред да нанесете убаво измешајте ја за да се соедини. Кожата ќе добие убав сјај и свежина.

Доколку пак имате проблем со масна кожа, краставицата е идеално решение за вас. Исцедете половина изрендана краставица. Во сокот додадете и една лажичка јаболков оцет. Со овој тоник чистете го лицето. Масното лице ќе биде минато.

