Нежни, меки, свиленкасти усни… како да го постигнеме тоа?
Хидратација. За усните да бидат меки и здрави потребно е да бидат влажни. Пушачите имаат многу поголем проблем со усва уста, бидејќи пушењето ја суши устата. За хидратација на усните потребно е да ги триете со краставица. Медот исто така ги навлажнува и омекнува усните. Ставете тенок слој на усните и оставете го нека делува.
Пилинг. Важно е редовно да се отстранува мртвиот слој на клетки од устата. Тоа може да го направите така што ќе нанесете дебел слој на балсам на усните и потоа ставите шеќер. Благо истријте ги усните.
Заштита. Без разлика за кое годишно време се работи, секогаш кога ќе излезете надвор ставете балсам.
