Мода

Зимски модни трендови

И ова сезона донесе мноштво различни модни трендови. Топли капути, војнички јакни, чизми до над колено… се само некои од популарните трендови за ова зима.

Кога станува збор за капутите, ќе се носат оние со класичен стил, додека останатиот тренд ќе се темели на волумените и кроевите. Нема да згрешете ни ако одберете „машки“ капут, но и ако одберете нешто поженствен крој.

Војничкиот тренд и понатаму е еден од најомилените јакни со нагласени раменици и големи функционални копчиња посебно ќе се носат со женствена облека; фустани што се украсени со тантела.

Долгите здолништа беа популарни летоска а нивната популарност се пренесе и зимоска. Иако се тренди, макси здолништата се непрактичен избор за зимските прилики, па така нив можете да ги замените со здолништа во стилот на педесеттите.

Деловниот изглед ова сезона донесува костуми во различни верзии кои ќе ви осигура беспрекорна силуета. Било да  го  одберете построгиот крој, или пак нешто по женствениот, нема да згрешите.

Џемперите со геометриски шари, но и плетената облека очигледно, исто така ќе биде многу популарна ова сезона. Туниките, фустаните со необичен дезен се одличен избор за ладните зимски денови.

Чизмите над колена се “must have” ова сезона. Со нив нема да постигнете женствен и секси изглед. Од модните детали, ова сезона посебно популарни ќе бидат и ракавиците. Достапни и во различни варијанти, кратки, но и оние долгите, совршено ќе го дополни секој зимски look.

 

Write A Comment