Дестинации

Кај Мишел и Барак Обама на гости

Сјајот, елеганцијата, раскошот се лајтмотив за овој Божиќ во домот на американскиот претседател. Белата Куќа која секоја година е отворена неколку дена за среќните посетители кои сакаат да го видат во поинакво светло домот на најмоќниот брачен пар во светот. За разлика од претходните години кога тим од експерти беа задолжени за божиќниот и новогодишниот сјај на Белата куќа, оваа година единствен експерт беше никој друг туку Мишел Обама.

Рецептот за овогодишното уредување според Мишел е оригиналност во малку боја со многу детали и избегнување на кичестото во милион бои. Оваа година домот на Обамови нема купено ниту еден украс. Имено целата божиќна декорација е рачно направена од страна на 127 волонтери, ентузијасти и секако украси изработени од другарчињата на децата на Обамови.

Доколку не сте едни од оние 800.000 среќници кои ќе ја посетат и видат Белата куќа во новогодишен сјај тогаш уживајте во галеријата… А во исто време може ќе пронајдете некоја нова инспирација за новогодишно уредување.

httpv://www.youtube.com/watch?v=Pn6aDUP19To&

 

Write A Comment