Motherhood

Време е за шишање

Честопати сме биле сведоци, а можеби и сме учествувале во драмата на носење дете на фризер. Со ништо не можеме да ги придобиеме „ купиме“, ништо не им е интересно, не се согласуваат на никакви услови, немирни се, нестрпливи и само сакаат да си одат дома. Тоа е карактеристично за децата од една до три години. Мислам дека не ни треба да ги присилуваме во колку не сакаат да одат на фрзер, бидејки е многу полесно и побезболно кога ќе можете да им објаснете каде одат и зошто – на возраст кога тие тоа ќе можат да го разберат.

Најидеално време за одење кај фризер со дете е кога детето  веќе знае кој е фризерот, што работи тој, како го работи тоа, кој прибор го користи, и, најпосле, што добиваме со одењето кај него.

Со девојчињата скоро секогаш е полесно. Тие уште од мала возраст веќе ги знаат препаратите за убавина што ги користат нивните мајки, па така и одењето кај фризерот. Кога одите на фризер поведете ја со себе и својата ќерка да ве гледа неколку пати, па многу скоро и таа ќе посака да седне на фризерскиот стол.

Момчињата нема така лесно да ја доверат својата глава на некој друг, а и самиот поглед „кај сте ме донеле?“ говори самиот за себе. На вашиот син најпрво објаснете му го погоре напишаното, бидете со нив цело време, земете ја неговата омилена играчка и во никој случај не изговарајте страшни зборови како „ножици“ или „шишање“.

Write A Comment