Убавина

Компирот го забавува стареењето

Компирот е одлична намирница која ќе ви помогне во борбата со брчките. Може да го употребувате така што ќе го ставате на лицето или ќе подготвите маска.

Изрендајте еден свеж компир и помешајте го со малку млеко и една жолчка. Ставете ја смесата на лицето и оставете нека отстои. Измијте се со топла, а потоа и со ладна вода. Освен тоа што ќе ја спречи појавата на брчки исто така оваа маска ќе ја матира кожата на лицето.

Доколку имате проблеми со црвенила и мозолчиња, во компирот е решението. Потребно е само да го изрендате компирот и да го нанесете на лицето. Оставете го на лицето 20 минути. Во компирот има доволна количина на минерали кои го смируваат црвенилото и мозолчињата.

Write A Comment