Колекција модни додатоци за пролет/лето 2012
Кога станува збор на Прадините аксесоари, многу критичари се сложуваат дека Miuccia Prada со нејзината последна колекацеја понудила една комплетна и вистински свежа колекција за сезоната пролет/лето 2012. Линијата на модни додатоци овој пат ја избегнува Прадината „досадност“ на ретро гламур и станува шармантна, а во исто време и слатка модна приказна.
Клучен елемент на колекцијата аксесоари дефинитивно се кондурите, високите потпетици и сандали на платформа, кои со своите јаки и контрастни бои нуди еден нов момент кој на многумина ќе им се допадне.




















