ШоуБиз

Бремени, а на 15см штикли! Така било модерно :))

Вистина е дека веќе шест месеци е бремена и тоа со првото дете, но тоа никако нема да ја спречи Хилари Даф и понатаму да се облекува модерно.

24-годишната старлета е забележана како носи екстремно високи потпетици, додека била излезена заедно со сопругот Мајк Комри во Лос Анџелес. Да прецизираме, се работи за чевли на Кристијан Лобутин, високи цели 15 сантиметри.

За едно списание идната мајка изјавила:

–          Многу сум среќна што засега имам лесна бременост и се надевам дека ќе остане така до крајот. Обожавам кога го чувствувам бебето како клоца во мене, кога знам дека во мене има нов живот. Тоа е дел од мене и од мојот сопруг и навистина е диво!

Write A Comment