ШоуБиз

Бибер донираше 100.000 долари и концерт на едно сиромашно училиште!

Џастин Бибер усреќи стотици обесправени и запоставени деца кога настапил специјатлно за нив во нивното училиште во Лас Вегас.

Учениците од ниско-буџетното основно училиште не можеле да се соземат од возбуда кога го здогледале Џастин на сцената и цело време додека тој ги пеел песните од неговиот божиќен албум врескале и скандирале.

Но, тоа не е сè. Џастин на училиштето кои брои 650 ученици му подарил чек во вредност од 100.000 долари во вод на божиќни подароци. Следејќи ги чекорите на 17-годишната мега ѕвезда, продавницата „Superstore Target“ му донирала додатни 100.000 долари на училиштето кое едвај функционира со парите кои ги поседува.

Парите ќе бидат искористени за децата и нивните семејства, со цел подобра живеачка и подостоен живот за празниците и во просториите на училиштето.

Write A Comment