ШоуБиз

И Џенифер Лопез го сака ова петле?!

Згодниот, млад дечко на Џенифер Лопез, во последно време е предмет на бројни шпекулации и сите сакаат да знаат нешто повеќе за него.

За жал многу малку знаеме, освен дека 24-годишниот танчер ја придружува Лопез на сите нејзини настапи. Но, она што проструи на интернет вчера беше најновата слика на Каспер Смарт од кога тој завршил средно образование во Калифорнија во 2005 година.

Неговите соученици сеуште не можат да поверуваат до каде стаса нивниот скромен другар.

–          Изгледа Смарт го виде Холивуд во полн сјај. Повеќето луѓе сега го препознаваат како дечкото на Џенифер Лопез. Се вози со приватни џет авиони и вози Бентли, – вели еден негов школски другар.

Тоа е Холивуд! Некои ги уништува, а некои ги позлатува!

Write A Comment