ШоуБиз

Таа е најпаметната плавуша на светот :))

Една од најубавите жени во Холивуд, воедно е и најинтелигентната плавуша на светот. Нејзиниот коефициент на интелигенција изнесува 154, а на факултет се запишала кога имала само 15 години.

Шерон Стоун со своите 53 години и коефициент на интелигенција 154 и понатаму изгледа фантастично, постојано е активна и со своите професиoнални потези покажува дека никогаш не ѝ недостигал здрав разум. Сите ја знаеме по сцената кога ги прекрстува нозете во филмот „Ниски страсти“, со кој Стоун стана симбол на современата сексуалност.

Многу критичари сметаат дека тоа беше нејзината најдобра улога досега. Денес, Шерон има сопствена продуцентска куќа и пишува сценарија, а доста присутна е и во полето на хуманитарните акции ширум светот.

Во американската јавност се истакна и со својот политичка ангажман, односно со смелите критики на сметка на американската администрација и нивниот однос спрема исламските земји.

Write A Comment