Најпрво ставете крпа со која ќе ја заштитите околината од прскањето на калинката.
Потоа отсечете го врвот на калинката и притоа гледајте да пресечете малку подлабоко како би дошле со содржината како на сликата.

Почнете да ја сечете кората на калинката од сите страни, но внимавајте тоа да не биде предлабоко.

На крај превртете ја калинката надолу и почнете да ја удирате со лажица. Сочните семенки од калинката ќе паѓаат во садот кој го ставивте одоздола.

Резултат… калинката е исчистена, а вие не се направивте „бербат“.

Витаминизирајте се брзо и лесно!!! Можете да направите и сок, но внимавајте, сокот од калинка може да биде опасен ако го испиете концентриран. Подобро разредете го со малку вода.

