Познатиот пејач и актер Џастин Тимберлејк открива дека секогаш се труди да биде позитивен и дека ништо не може да му се најде на патот да го спречи во тоа, па дури ни стравот од смрт.
Џастин не сака да размислува за лоши работи во животот и дека на сè се обидува да ја најде посветлата страна или барем добро да се насмее.
– Мене сè ми е смешно. Искрено, мислам дека не постои нешто поради што не би се насмеал. Смеата е многу важна – вели Џастин, кој има по малку фаталистичка животна филозофија, па не се плаши дури ни од смртта.
– Зошто да се плашам од нешто што по секако мора да се случи еден ден? Мислам, тоа е дел од нашето битие. Имаме рок на траење и во еден момент престануваме да постоиме. Таква е реалноста и не мислам дека тоа е депресивно. Дури на некој начин тоа е прекрасно, – вели пејачот.
Со новинарите ги сподели и своите ставови во врска со материјалните вредности и вели дека воопшто не е материјалист.
– Доста сум штедлив. Еднаш годишно си купувам облека и мислам дека парите не можат да ти купат среќа. Ми одговара да имам куќи во Лос Анџелес и Њујорк и таму поминувам доста време. Сепак, не можам да речам дека тие места ми се и неопходни.
