Познатиот пејач и актер и официјално е прогласен за најстилизиран маж.
Списанието „In Style“ направило листа на најдобро облечени мажи во годинава што изминува, а на врвот се нашол Џастин Тимберлејк чии комбинации често пати привлекуваат повеќе внимание отколку самиот настан на кој тој се појавува.
На второто место се наоѓа Кајние Вест, а двајцата со Џастин имаат свои сопствени модни линии. Нивните колекции за претстојната сезона се оценети со позитивни оцени од модните критичари.
Покрај нив, пофалби добиле и Зак Ефрон и Роберт Патинсон, фудбалерот Дејвид Бекам и дечкото на Џенифер Анистон – Џастин Терокс.
Еве на кој треба да се огледаат нашите мажи, од причина што комбинациите на овие холивудски ѕведзи се истовремено и едноставни и ефикасни.

