Таа има 44 години и две деца, но изгледа подобро од било кога. Забележана е како ужива на Хаваите и богами многу млади дами би ѝ подзавиделе на линијата која успева да ја одржи.
Се работи за чуварката на плажата, Памела Андерсон на чие тело не може да се забележи ниту грам маснотија и целулит. Црните бикини ѝ стојат како скроени за неа, а може и сами да се уверите од сликите подолу. Деновите ги споделува со дечкото Џон Роуз кој е професионален сурфер.
Неодамна изјави дека нејзините два синови се најмногу заслужни за нејзината линија, бидејќи постојано спортува со нив.
– Секогаш сум надвор или на плажа, пливам, играм кошарка, фудбал, бејзбол, не сум некој тип кој обожава одење во вежбална. Не држам диети, но долго време сум вегетаријанец, – изјавила таа.


