ШоуБиз

Ријана нападната од расист!

Младата ѕвезда од Барбадос, Ријана моментално е на светска турнеја преку која го промовира својот најнов албум „Talk That Talk“, а судејќи по она што се случува на нејзиниот Твитер, не ѝ оди баш најдобро.

Пејачката на Твитер ги споделила навредите кои ги чула на своја сметка во хотелот во кој била сместена во главниот град на Португалија.

Ријана човекот го нарекла: „Најголемиот расист кој било кога го сретнала“.

–          Човекот страшно ги навреди сите што се црнки, рече дека сме курви и расипани. Рече дека изгледаме како гомна и дека не треба да сме во ист хотел со белите луѓе.

Таа вели дека не дозволила инцидентот да ја извади од такт и смирено го игнорирала расистот кој вербално ја нападнал.

Write A Comment