ШоуБиз

Конечно се разведоа родителите на Бијонсе!

Родителите на Бијонсе Ноулс, по макотрпниот процес на разделба, конечно се разведоа по 31 година брак. Сега се и официјално разведени, а инаку разделени се уште од 2009 година, кога во јавност излезе информацијата дека Метју (60) имал и вонбрачно дете.

Во документите за развод, Тина  Ноулс (57) навела дека повеќе не се поднесуваат конфликите меѓу нив и нивните контрадикторни карактери. Тоа наводно спречувало било какво помирување.

Вонбрачното дете на Мејту се роди во Февруари, 2010 година, а мајката на детето Алекандра Вајт (40) цели 18 месеци била во врска со таткото на Бијонсе. Иако на почетокот тој го негирал татковството, ДНА тестот го докажал сосема спотивното и Метју на крај морал да признае и да се соочи со последиците.

Write A Comment