Семејството Карадашијан, секоја година традициoнално се фотографира за празниците, а честитките со своја слика потоа им ги праќаат на своите пријатели. Честитката од оваа година, Ким ја споделила со своите фанови на сопствениот блог, а прво нешто кое паѓа в очи е нејзиниот невообичаен стајлинг. И не само нејзниниот, туку и на целото семејство.
Иако неодамна ги покажа своите секси нозе, на фотографијата за овој Божиќ, Ким е облечена од глава во пети. Во црни панталони, црно сако, со собрана коса и со лептир машна, Ким ги изненади сите кои се навикнати да ја гледаат во кратки здолништа и со длабоко отворено деколте.
– Ова е нашата честитка за оваа година! Јас сум воодушевена, како ви се допаѓа вам!? Имаме и изненадување – честитката ќе биде изработена и во 3D верзија, па со очила дефинитивно ќе уживате во неа, – напишала Ким на својот блог.

