ШоуБиз

Жерард Батлер настадал при сурфање!

Жерард Батлер за малку трагично не настрадал во несреќа додека сурфал за потребите на неговиот најнов филм со наслов „Of Men and Mavericks“, во кој дејството е сконцентрирано на починатиот сурфер Џеј Мориарти. 42-годишниот актер снимал сцени кај познатото место за суфрање во Северна Калифорнија и ненадејно бил прекриен од неколку џиновски бранови. Несреќата се случила во неделата.

Инаку, брановите го вовекле Батлер под вода, каде имало доста карпи и било прилично опасно за пливање. Батлер веднаш бил однесен во болница, но за среќа немал посериозни повреди, па бил пуштен со дозвола да продолжи да снима.

Филмот треба да пристигне во светските кина на 26-ти Октомври, следната година.

Write A Comment