Сакајќи да ја следат традицијата, познатите ѕвезди често пати се принудени да изведуваат разни глупости со цел да бидат инвентивни и интересни. За Божиќ, традиција е познатите сами да се сликаат и сликата да им ја испратат како честитка на своите пријатели.
Кифер Сатерленд е еден од оние кои се потрудиле да бидат поинакви. Тој на својот Твитер профил објавил слика на која зграпчува една накитена елка со сета сила. Всушност, тој се потсмева на самиот себе во врска со инцидентот со елката од 2006 година во документарецот „I Trust You To Kill Me“. Кифер бил во хотел во Лондон и наводно бил малку потпијанет па се фрлил во прегратките на новогодишната елка.
На честитката дури и назначил дека се шегува. Видете и сами како сам на себе си прави пародија.
