ШоуБиз

Чаз Боно ја раскина свршувачкатa!

Чаз Боно ја раскинал свршувачката со девојката со која беше во врска цели 12 години. Боно, кој е роден како женско и неговата девојка раскинале на пријателски начин и со изјава дека „сеуште се сакаат еден со друг.

– Сепак, повеќе не се пар. Од врската излегоа со многу љубов, почит и чувства. Не сакаат да зборуваат за приватноста и бараат од медиумите да ја почитуваат нивната желба, – изјавил портпаролот на Чаз.

Тие двајца се свршија пред некое време, иако венчавката ја планирале веќе две години. Заедно поминале многу работи како менувањето на полот на Чаз, објавувањето на неговата книга и слично.

По раскинувањето, Чаз се чувствува одлично и не се кае за одлуката.

Write A Comment