ШоуБиз

На Лејди Гага ѝ го хакнале Твитерот! :))

Најпопуларната пејачка на светот, овие денови се соочува со сериозни проблеми што се однесува до нејзината приватност на интернет. На нејзиниот Твитер профил се појавиле пораки кои на прв поглед им се допаднале на нејзините фанови, меѓутоа набрзо е откриено дека се работи за хакери кои гo пробиле нејзиниот профил.

Во првиот Твит кој го ставиле хакерите пишувало дека Лејди Гага подарува скапоцени компутери на нејзините најверни фанови, но набрзо тој статус е повлечен. Вториот пат, хакерите подарувале „ајПод 2“. Под статусите имало сомнителни линкови кои требало да се следат за да се добијат понудените награди.

За среќа, за брзо време е откриено дека се работи за лага и хакирање на Твитер профилот на Лејди Гага.

Write A Comment