Мода

Body – con фустанот ги величи облините

Како да се надмине стравот  од прилепените фустани и кога  немате  телесни мерки  како на модел

Називот на фустанот, body-con,  настанал со спојување на зборовите  body и conscious односно тело и свесност, така кажано во слободен превод. Не мора и да видиме  за каков крој на фустан станува збор, самото име доволно кажува а со тоа е и доволен показател на главната насока за изгледот на тој  фустан. Тесна, припиена за телото, главно долга до колената или пократка, од растеглив материјал. Овој фустан е максимален сојузник на женското тело, соединувач на кројот и материјалот во нагласувањето на облините  ставајќи го сексапилот во преден план.

На прв поглед таквиот фустан може да изгледа и по малку застрашувачки. Повеќето жени се склони кон претерување кога е во прашање сопствениот изглед, па честопати се споредуваат со нереално фотошопираните модели од модните Магазини. Таквите споредби резултираат со страв и недоверба кон крпчињата слични на body-con.

Ако не е во прашање физичката  несовршеност која ве спречува да се вовлечете во едно  такво секси парче,  тогаш можеби е страв од  можна погрешна процена  во каква  прилика би требало такво предизвикувачко парче облека да се носи. Со неколку совети, стравот може лесно да биде победен.

Без страв од облини

Изгледа тесна, навистина е тесна, дури и бројот што инаку го носете изгледа минијатурно. Всушност благодарение на спандексот кој истовремено е и цврст и растеглив, кога еднаш ќе облечете body-con, ќе сфатите дека  всушност помага при затегнувањето и  ‘ ставањето во ред ’на оние делови од телото на кои им е неопходна дисциплина.

Играње со пропорциите

Со оглед на тоа дека е во прашање парче облека кое е припиено, ако сметате дека одредени делови не би требало толку да ги истакнувате, слободно комбинирајте го со друго парче облека кои не се толку тесни и чиј крој  во целост не ја следи линијата на телото.

За одреден повод

Body-con е фустан кој не е погоден за сите прилики така да треба да се процени кога и во кои ситуации  е најдобро да се облече. Вечерните излегувања и било кои други свечени  пригоди се идеални за нејзино покажување.

Потемни нијанси

Посветлите бои визуелно зголемуваат и шират, па затоа за да бидете навистина задоволни со конечниот изглед, препорачливо е да се одберат потемни нијанси кои ќе го постигнат спротивниот ефект, односно визуелно фигурата да ја стеснат.

Модни додатоци

За да биде комплетниот изглед умерен и со вкус, потребно е внимателно да се одберат деталите со кои ќе го комбинираме body-con фустанот. Чевлите, накитот, шалот или торбичката се од голема важност во такви комбинации бидејќи кога веќе своето тело го истакнуваме и го ставаме акцентот  на него, останатите детали  кои ја комплетираат  комбинацијата во никој случај не би требало премногу да  отскокнуваат  од неа.

1 Comment

Write A Comment