Исправете ја главата на перницата
Доколку наутро имате проблеми со отечени очи, тоа може лесно да се промени со положбата во која спиете. Ако главата ја подигнете повисоко на перницата на која спиете, тоа ќе ви помогне наутро да изгледате посвежи. Исто така, помагаат и вреќички чај од камилица, доколку сакате да потрошите некој денар.
Исправен став за помлад изглед
Исправениот став може да ви донесе долгорочни бенефити. Тоа е една од најдобрите работи што можете да ја направите за своето здравје и изглед, а не чини ништо.
Две минути масажа
Освежете го вашето лице. Масирајте ги деловите под очите и над јагодиците. Правете го тоа две минути за да ја подобрите циркулацијата. Две минути се доволни за кожата да биде мазна, сјајна и лицето да не изгледа уморно.
Држете ги производите за коса подалеку од лицето
Имате премногу акни? За тоа можеби се виновни производите кои ги користите за косата. Маснотиите од косата или некои производи за коса можат да придонесат за појавата на акните. Затоа, држете ги подалеку од лицето и резултатот ќе биде поубав тен.
Не почнувајте го и не завршувајте го денот со шеќер
Ако денот ви почне со шеќер во некој напиток или во нешто друго, пред ручекот ќе бидете дехидрирани а на организмот ќе му треба повеќе шеќер за понатаму. Ако конзумирате шеќер пред спиење, наутро ќе се разбудите со дехидрирана кожа.
