Убавина

Антицелулитна процедура со талог од кафе – евтино и ефикасно!

За приготвување на смесата за оваа процедува ви е потребно 30 гр талог од кафе, 100 гр загреано бадемово или маслиново масло, на што се додава неколку капки етерично масло од оние со антицелулитен ефект. Вака приготвениот пилин разнесете го на сите проблематични зони од телото, односно на оние места каде вие имате потреба. Зона по зона почнете да масирате, а се вкупно не треба да е пократко од 20 минути. Масажата треба да биде со лесни и бавни движења, со цел да не се иритира кожата. Процедурата се препорачува да се прави два пати неделно. И не заборавајте дека само упорноста и редовноста води до посакуваниот ефект. Еднократно приложување на оваа процедура не врши работа.

Write A Comment