Пролетните машки колекции имаат елегантен крој со спортски отпечаток, инспирирани од голф теренот како колекцијата на Прада или риболовот што е случај со колецијата на Долче Габана. Доминираат морнарско сината, сенф жолта, розова и топла црвена како главни бои. Ова е избор на најдобрите модели представени на модните недели од водечките дизајнери. Во наредните статии ќе ги разгледуваме машките колекции подетално една по една, а ова е како увод на она што предстои.





