Лејди Гага на својот возач му подарила годишна залиха на пелени. Тоа се случило веднаш откако Гага дознала дека нејзиниот вработен ќе стане татко, па на овој начин сакала практично да му го честита татковството.
– Гага е многу великодушна кога подарува и секогаш се грижи за луѓето околу неа. Самошто слушна дека возачот ќе стане татко, се јави по телефон и го нарача подарокот. Секако, и подарокот мора да биде необичен, баш каква што е и таа. Овој возач е со неа веќе неколку години и со неа има поминато многу работи, – изјавил близок извор.
За Божиќ, Гага ќе си разменува подароци со дечкото Тејлор Кинеј, кој планира од Пенсилванија да долета во Њујорк како би ги поминал празниците со својата девојка.
