Џастин Бибер признал дека мајка му Пети никогаш не му ја скривала вистината за Дедо Мраз. Уште кога бил мал, му било дадено до знаење дека дедото кој носи подароци за Божиќ и Нова година не постои.
Мајка му на Бибер имала само 18 години кога останала бремена и детето го одгледала заедно со своите родители.
– Мајка ми секогаш ми велеше дека Дедо Мраз не постои, – признава тој.
– Нејзината логика беше дека ако ми каже дека Дедо Мраз постои и потоа кога ќе пораснам ми открие дека такво нешто нема, крајниот резултат ќе биде дека ме лажела.
Сепак, Бибер ѝ е благодарен на мајка му што секогаш била директна и искрена. На сметка на тоа, тој не им ja кажал на другарчињата малата тајна која ја знаел.
