Раперот Кание Вест исфрлил еден фан од својот концерт во Вашингтон бидејќи му фрлил своја визит карта на сцената.
Раперот го прекинал целиот настап од причина што „проектилот“ кој фанот го фрлил се нашол на бината, а бил наменет за Кание некогаш да му се јави.
– Кој го фрли ова на сцената? – запрашал Кание и погледнал кон публиката. „Ова е опасно по живот. Некој може да се лизне на оваа визит картичка и да настрада. Видов од кој дел на публиката дојде ова и тој што ја фрли картичката нека крене раце или сите ќе бидете исфрлени надвор, – сериозно се налутил Вест.
Публиката најпрво негодувала, но набрзо почнала да се смее.
