Познатиот фудбалер Дејвид Бекам во последно време сè повеќе време им посветува на своите деца. Тој пред некој ден си ги сликал децата, а преслатката фотографија е во план да се најде на божиќната честитка од семејството Бекам, која ќе им биде испратена на нивните најблиски пријатели и соработници.
– Сликаше тато, – напишал Бекам под фотографијата која веднаш ја објавил на својот Твитер профил.
На сликата можете да ги видите 12-годишниот Бруклин, 8-годишниот Ромео, 6-годишниот Круз, како и нивната сестричка 5-месечната Харпер Севен.
