Иако не содржи ниедна иста состоја како вообичаениот хот дог, оваа откачена тропска варијанта го има речиси идентичниот слатко-солен и зачинет вкус на оваа брза храна, а се прави навистина експресно.
За четири оброци ви се потребни:
– 4 говедски виршли (можете да ги замените и со пилешки)
– 4 земички премачкани со маслиново масло или путер
– ½ сечкан ананас
– 4 слатки црвени пиперки
– ½ филџан свежи ливчиња магдонос
За подготовка, потребни се по 2 минути печење на виршлите и земичките, по што со смесата од измешаниот ананас, пиперките и магдоносот еднакво ги полните четирите сендвичи.
